mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес12
mod_vvisit_counterВчера11
mod_vvisit_counterОваа недела59
mod_vvisit_counterМинатата недела50
mod_vvisit_counterОвој месец157
mod_vvisit_counterМинатиот месец311
mod_vvisit_counterВкупно Посети10463
We have: 1 guests online
Вашето ip: 38.107.179.211
 , 
Денес e: 17,Мај ,2012

Свет

Анкета

Ви се допаѓа ли страницата?
 

Забавни случки

  • ВИДЕО: Повторно само си 'разгледуваат'?!
    Што и да мислиме за вонземјаните, мораме да признаеме дека нивното однесување во последно време малку не загрижува, а може да се каже и дека не плаши.
  • Фотошоп бизарно и ги искривил нозете!
    Во потрага по совршенство многу веб трендови се обидуваат со фотошоп да ја направат совршена креација, но овој пат на една манекенка бизарно и ги искривиле нозете на фотошоп.
  • Кинез секој ден пие и до три литри бензин
    Чен Дејун е 71-годишен Кинез кој верува дека бензинот има состојки кои му помагаат во решавање на физичката болка, по што во изминатите 42 години пие бензин и до три литри дневно.
  • Змија со две глави?!
    Во зоолошката градина во Јалта на југот на Украина од денес има нов жител, змијата со две глави со сигурност ќе привлече многу посетители.
 

превземете за најдобар преглед на ratae.con.mk

Добредојдовте на веб страната на село Ратае!
Ратае се дави во фекалии PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Сабота, 26 Ноември 2011 03:05


Ratae Kanal ТЕТОВО - Во главниот канал за наводнување што минува речиси низ средината на тетовско Ратае, наместо вода, течат фекалии и други отпадоци како дел на тетовската канализација. Ратае се дави во нечистотија и смрдеа од која не само што се шири неподнослива миризба туку отворениот канал е и постојана опасност за безбедноста на жителите, особено на децата. Од стотина куќи, колку што има во ова низинско село, дваесетина се на едната или на другата страна на каналот без никаква заштита. Жителите на Ратае сметаат дека било голема среќа што досега не се случила поголема катастрофа. „Во фекалиите досега се забележани удавени кучиња, мачки, кокошки и друго. на Гоце Видоевски му падна крава во каналот, која успеавме да ја извадиме“, ни зборуваше Здравко Трпевски, жител на селото.

Претседателот на МЗ, Јовица Мисајловски, вели дека проблемот од каналот и опасностите што произлегуваат од него не е вчерашен, туку се влече повеќе години. „Овој канал е во системот Радиовце - Бистрица и претставува главна артерија за наводнување на поголеми површини во долнополошкиот крај. Меѓутоа, со години е оставен на забот на времето. Практично, од излезот на Ратае, па се' до теаречката река Бистрица каналот е во корови, трње и високи треви. Практично, од Слатинска Река до Бистрица низ него не може да поминат ниту фекалии ниту вода. Тој дел цел е блокиран. Во ваква состојба се' што доаѓа од Тетово се таложи и го полни каналот што се излева во Ратае, а еден дел влегува и во соседното Жилче“, вели Мисјаловски.

Покрај самиот канал во Ратае живеалиште имаат семејствата на Љупче, Коце и Младен Видоевски, Цоне и Здравко Трпевски, Ване, Тихомир, Александар и Илија Стефановски, на Драге Стевовски, Ратко и Ангелко Несторовски, Злате Стаменковски, Илија Тошевски и уште неколку други. Од разговорот со нив произлегува големото разочарување за положбата во која се наоѓаат, но и за непреземањето мерки од надлежните во државата. „Зарем е работа да останеме без никаква заштита. Зарем нема елементи за инспекторите, кои не смеат да седат со скрстени раце. Зарем ние не сме луѓе и населба на која треба да и' се помогне за наметнат проблем за кој ние не сме ниту должни ниту виновни“, велат најзагрозените во селото.

Според ратајчани, во периодот кога веќе настапуваат горештини и кога опасностите од се' што ги носи каналот се се' поголеми, најитно мора да се преземат мерки за нормално живеење. Тоа подразбира чистење на каналот по целата должина од Ратае до реката Бистрица за што „на тој дел има вистински барикади од се' и сешто што расте, што се таложи и што е плод на фрлање отпадоци. Потоа каналот мора да се покрие по целата должина во населените места. Меѓутоа, според информациите што ги имаат во селото, нема никаква изгледи и ова лето да се стори нешто. Во Ратае велат дека од Управата за водостопанство имале информација дека каналот не е во план да се чисти. Имале проект за покривање, но немало финансиски средства. За ова ќе се почекале некои подобри времиња. Дека постои проект за покривање на каналот и беше потврдено и во Општината Јегуновце, во чиј состав е и селото Ратае. Но, поседувањето проект ништо не значи, туку само надежи дека „во подобри времиња проектот ќе биде реализиран“. Дотогаш ратајчани ќе живеат во надежи и ќе демнат на опасностите на кои постојано се изложени. Ниту во оваа предизборна еуфорија нема конкретни ветувања за мошне сериозниот проблем на селото.

Извор: Утрински весник.

 
Започна реновирање на спортскиот терен во село Ратае PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Недела, 10 Април 2011 23:38

Иако долго време се чекаше,конечно почна реновирањето на спортскиот терен во село Ратае. Во проектот е опфатено целосно оградување на теренот и изградба на паркинг простор како за теренот така и за црквата. Проектот е сеуште во тек,но се надеваме за брзо време ќе биде завршен. Освен тендерската градежна фирма во работата околу изградбата придонесоа и голем број од месното население од кои најбројни беа младите љубители на спортот. Во прилог ви доставувам денешни фотографии. Повеќе информации ќе следуваат понатаму.

Последно освежено на Недела, 10 Април 2011 23:43
 
Жеграп PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Среда, 15 Септември 2010 01:37

1 2 v 4

Последно освежено на Недела, 26 Септември 2010 19:13
 
Кога сите спијат..Евн кине струја по бандери PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Понеделник, 06 Декември 2010 20:39

евн

Денеска  во 3 часот наутро во село Ратае почна предновогодишно чистење на Електро дистрибуција Тетово. Вработени на ЕВН беа затекнати како тајно без предходна опомена го прекинуваат доводот на електрична енергија на поединци. Некои од корисниците на списокот на кои требало и на кои им беше исклучена струјата биле со долг од околу 3000денари или една неплатена сметка што и не е причина да се прекине доводот на електрична енергија до истите. Нај трагично на сето тоа беше исклучувањето на лица кои воопшто немале долг кон ЕВН што е резултат на неинформираноста на вработените од ЕВН за кои лица се работи т.е каде тие живеат. "Па така е кога доаѓаат шпиунски во 3 насабајле,па прават бељи". Поради грешките кои ги направија,истиот ден во 13 часот друга екипа на ЕВН дојде,се извини за "грешката" и ги приклучи предходно исклучените корисници на електричната мрежа во село Ратае,со тоа што овој пат прво се информираа за кои лица се работи.

Колку за информација - објектите лоцирани во градскиот стадион во Тетово главно во сопственост на етнички албанци, секој поединечно должи преку ијладници евра неплатени сметки и  до денес ниту една жица не е прекината, но кај што има сила нема правдина...

Последно освежено на Понеделник, 06 Декември 2010 22:50